Русија по забраната за влез во Украина: Нема да вратиме со иста мера

Русија не планира со иста мерка да му одговори на Киев и да забрани Украинците да влегуваат во Русија, објави агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на изјава на руски претставник.

„Украина воведе ограничување на влезот за руски државјани, машки лица на возраст меѓу 16 и 60 години“, се наведува во соопштението.

Одлуката е донесена за да се спречи Русите да формираат тајна армија на украинска територија. Претходно шефот на пограничната служба на Украина, Петар Цигикал, предложи на некои категории на луѓе да им се ограничи влезот во земјата.

Треба да знаете
Последни објави