Педесетиеден китови угинаа откако се насукале на плажа на Четемските острови на Нов Зеланд. Изминатата недела во овој регион повеќе од 200 китови угинаа во одделни инциденти.
Помеѓу 80 и 90 китови вчера биле најдени насукани на брегот Хенсон, соопшти одделот за конзерација. Неколку десетици успеале да се вратат во вода, а 50 биле пронајдени мртви.
Тие биле закопани во песок, позади плажата.