Ја изневерил сопругата со жената на родениот брат! Секс скандалот фрлил сенка на блескавата кариера на фудбалерот на Јунајтед, од кого семејството се откажало

 Во 1973-та година е роден Рајан Џозеф Вилсон, а презимето Гигс е всушност моминското презиме на неговата мајка кое го земал како свое во професионалната кариера.

Почнал да се занимава со фудбал во школа која била поврзана со Манчестер Сити. Неговиот талент го забележале скаути на Манчестер Јунајтед во чии редови минува во својата 13-та година. За Манчестер Јунајтед дебитирал на 2-ри март 1991-ва, на натпревар одигран на Олд Трафорд, против Евертон. Тогаш во игра влегол од клупа. Прв пат се нашол во стартната постава на натпревар против Манчестер Сити, кога бил асистент за еден гол на тој натпревар.

За Манчестер Јунајтед одиграл 963 натпревари и постигнал 168 гола. Рајан Гигс е фудбалер со најмногу натпревари одиграни за Манчестер Јунајтед, во сите натпреварувања.

Афери, афери, афери…

Велшанецот во играчките денови соборил многу рекорди во дресот на Манчестер Јунајтед. Најтрофејниот фудбалер на “црвените ѓаволи” бил и останал легенда на теренот, а надвор од него изгледал како примерен спортист, сопруг, татко. А потоа – шок.

Славниот фудбалер Рајан Гигс години наназад е тема на бројни медиуми поради сите скандали кои се дознаваат за него. Откако се прочуло за аферата со учесничката во Големиот брат, Имоџен Томас, испливала и нова скандалозна приказна.

Имено, Рајан осум години ја изневерувал сопругата Стејси со сопругата на родениот брат Родри – Наташа. Наташа во 2011-та година открила дека абортирала бебе од Рајан, една недела пред венчавката со неговиот брат.

Рајан во текот на врската со Наташа бил оженет со сопругата, од која, по повеќегодишната парница се развел.

Семејството се откажало од него

Татко на Рајан е поранешниот рагбист, Дени Вилсон. Тој никогаш немал нормален однос. По разводот на родителите, Рајан Џозеф Вилсон одлучил да го отфрли името од неговиот татко и да го користи името на неговата мајка. Долго не контактирале, а по првите две афери на Рајан, неговиот татко го поддржал. Друга била приказната во случајот со снаата.

Најостра биле тетката од Велс која го нарекла “валкано куче”.

Неговото семејство по скандалот се откажало од него.

Брат му му ја простил аферата

Браќата Гигс не зборувале од 2011-та година, кога на виделина излегло дека Рајан осум години бил во врска со сопругата на Родри, Наташа. Медиумите објавиле дека таа абортирала бидејќи забременила со тогашниот играч на Црвените ѓаволи. Сепак, четири години подоцна дошло до помирување на браќата. Рајан го контактирал помладиот Родри! Медиумите во Англија велат дека Родри одамна му простил на Рајан, но дека не сакал прв да му се јави.

Треба да знаете
Последни објави