Се изведуваат писмените докази за настаните од 27 ааприл во Кривичниот суд

Со получасовно задоцнување во Kривичниот суд утрово продолжи судењето за настаните од 27 април. На почетокот од судското рочиште, обвинителката Вилма Рускоска повлече дел од предложените писмени докази.

Меѓу нив беа наредбата за вештачење на телефонот на ослободената од кривичен прогон, Жаклина Пешевска, цедеа од крим техника чија содржина веќе била изведена порано, цедето со препознавањето од новинар како и доставениот акт за одземени предмети од обвинетиот Михаил Младеновски.

Предметот е во фаза на доказна постапка. По сите докази предложени од Обвинителството, судот ќе ги изведува доказите на одбраната на обвинетите. За случајот обвинети се 33 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, од кои двајца како помагачи.

Треба да знаете
Последни објави