Дождливо со температура до 16 степени

Претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе имаат пороен карактер, а во југоисточните делови ќе бидат проследени со ретки грмежи.

Во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Во наредните три дена времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините. Нови врежи од дожд се очекуваат од недела попладне.

Треба да знаете
Последни објави