Министерот за надворешни работи на Црна Гора Дармановиќ во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Црна Гора Дармановиќ во посета на Македонија

Mинистерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Како што соопштија од МНР, предвидено е шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со црногорскиот колега да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори меѓу делегациите на Mакедонија и на Црна Гора, на кои се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, како и за евро-атлантските интегративни процеси.

Во рамки на посетата предвидено е министрите да потпишат  Договор меѓу Република Македонија и Црна Гора, за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

Предвидено е, утре, на свечена церемонија, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски”, во Битола на Дармановиќ, да му ја додели титулата Почесен доктор на науки.

Треба да знаете
Последни објави