Макрадули-Тавила: МЖСПП и МЗ со заедничка платформа за чист воздух

Макрадули-Тавила: МЖСПП и МЗ со заедничка платформа за чист воздух

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска се сретна со претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Република Македонија, Жихан Тавила.

Од Министерството соопштија дека на состанокот, на кој присуствувале и националниот СЗО координатор д-р Бојан Бошковски и претставничката од канцеларијата на СЗО, Маргарита Спасеновска било разговарано за креирање на заедничка платформа за активности на министерствата за животна средина и за здравство.

Во таа насока, Макрадули информирал за остварување на мерките и акцискиот план за намалување на загадувањето на воздухот – „Планот за чист воздух”, истакнувајќи дека Владата за прв пат определи посебна ставка за поддршка на мерките во предлогот за Буџетот на Република Македонија за 2019 година.

Тој изразил уверување дека планот за чист воздух ќе ги даде очекуваните резултати, а со крајна цел намалување на аерозагадување и заштита на здравјето на граѓаните.

Претставничката на Светската здравствена организација во Република Македонија, ја поздравила одлуката и ја истакнала подготвеноста за натамошно унапредување на соработката во насока на спроведување на стандардите на СЗО.

Треба да знаете
Последни објави