
На 07.10.2026 во 18.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода П.Р.(62) од Австрија.

При граничена контрола и преглед на возило кампер „фиат“ со приколка со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со 90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписли.
За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

