Градоначалникот Смилевски учествуваше на дводневен меѓународен форум

Градоначалникот Смилевски учествуваше на дводневен меѓународен форум

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, учествуваше на дводневниот меѓународен форум ,,Партнерство и изградба на капацитетите до одржлив развој,, кој се одржа во Скопје на 25 и 26.10.2018 г.

На првиот ден беше претставен проектот и ИПА програмата за ,,Прекугранична соработка на Србија и Македонија 2016-2020. Исто така, беа претставени општините од Јабланичкиот и Пчињскиот округ од Србија  и Северозападниот и Скопскиот регион во Македонија.

Присутните градоначалници потпишаа и меморандум за соработка со кој треба да се унапреди соработката и вмрежувањето на градовите и општините од Србија и Македонија.

На меѓународната конференција беше претставена програмата ,,Учиме од соседите,, на која беа презентирани примери на добри практики од соседните програми: Србија-Бугарија, Македонија- Бугарија и Македонија – Грција

Треба да знаете
Последни објави