
Кобила рано утринава се ождреби на „Илинденска’ во скопската населба Карпош 4, создавајќи необична глетка среде урбаната средина.

На фотографијата што е објавена на Фејсбук (Игор Паневски) се гледаат кобилата и новороденото жребе. Според описот што ја придружува објавата, фотографијата е направена непосредно по раѓањето.
Засега нема дополнителни информации за сопственикот на животните, ниту за околностите под кои кобилата се најде на оваа локација.

Наместо во штала или на пасиште, жребето ги помина првите моменти од животот во густо населен дел од Скопје — сцена што ретко се гледа во градското секојдневие.
