Најдобри совети од експерти за рамен стомак

За рамен стомак, покрај вежбањето, клучна е и здравата исхрана.

 

Многумина сонуваат за рамен стомак и прават бројни вежби, но не гледаат резултати.

Во прилог прочитајте пет совети од експерти за тоа како најбргу да дојдете до посакуваниот рамен стомак:

1. Подобрете го држењето

Исправете се, рамењата нека ви бидат израмнети со главата и повлечете го стомакот. Можеби на почетокот ќе се чувствувате малку неприродно во оваа положба, но набргу овој став ќе ви стане нормален. Пробајте и некои вежби за подобрување на држењето. Со тоа ќе ја намалите веројатноста од повреди, а правилното држење ќе влијае на вашиот подобар изглед и самодоверба.

2. Вежбајте ги сите групи на мускули

Немојте да ги запоставите останатите мускули и да правите само вежби за стомакот. За рамен стомак потребно е да ги вежбате сите групи на мускули. Можете да почнете со пилатес, кој е добар за сите мускули.

3. Исфрлете ја брзата храна

Запрашајте се што внесувате во вашето тело. Јадете помалку, движете се повеќе и нездравата храна заменете ја со здрава.

4. Поставете си реални цели

Ако сакате да изгледате како вашата омилена ѕвезда, тоа може да биде добра мотивација, но не очекувајте дека некогаш ќе изгледате токму така. Во формирањето на телото клучни се гените. Тоа не значи дека треба да се откажете од тренирање, но поставете си одредени цели со кои ќе бидете задоволни.

5. Бидете истрајни

За добри резултати потребно е време. Немојте да очекувате дека ќе имате рамен стомак само ако секојдневно вежбате, а ништо не преземате во врска со вашата исхрана. Морате да внимавате на овие два фактори и да бидете упорни.

Треба да знаете
Последни објави