Прегазено 22 годишно момче во Радишани, итно пренесен во болница

Прегазено 22 годишно момче во Радишани, итно пренесен во болница

Синоќа во 23,00 часот во Скопје на улица „Радишанска“ Б.Ф.(24) од село Љубин, скопско, управувајќи патничко моторно возило “Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешакот Л.А.(22).

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Л.А., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави