Search

Голем народен митинг во организација на ВМРО ДПМНЕ на 2 или 3 јуни

Голем народен митинг во организација на ВМРО ДПМНЕ на 2 или 3 јуни

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на 2 или 3 јуни во Скопје ќе одржи голем народен митинг против актуелните владини политики.

Вчера претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска средба за преговорите за името, но засега нема никаква информација дека такво нешто се подготвува пред средбата на 16 или 17 мај во Софија на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„ВМРО-ДПМНЕ има многу јасен и повеќепати искажан став дека нема да поддржи уставни промени за да се смени уставното име на државата, а што е едно од клучните прашања на грчката страна во преговорите за името на земјата.

Најавуваме голем народен протест на којшто ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изрази сите свои несогласувања со моменталните политики на владејачкото мнозинство предвододено до СДСМ. Од оваа власт не очекуваме ништо, напротив очекуваме само ретроградни процеси и очекуваме на тој голем митинг народот масовно да застане до ВМРО-ДПМНЕ, и да ги поддржи политиките што ќе ги предложиме“, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави