На дедото на Тамара денес ќе му се суди за обидот за атентат врз Тодоров

На дедото на Тамара денес ќе му се суди за обидот за атентат врз Тодоров

Денес треба да започне ново судење за обидот за атентат врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Тој со пиштол беше нападнат од страна на дедото на малата Тамара која почина поради здравствени компликации откако не успеа навреме да се оперира во странство.

Пред Судот треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења кои ќе покажат дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.

Љупчо Стојановски на 1. јуни минатата година се обиде да изврши атентат врз министерот за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука.

 

Треба да знаете
Последни објави