Извештајот за АКМИС испратен пред 10 дена се уште не стигнал во ЈО

Извештајот за АКМИС испратен пред 10 дена се уште не стигнал во ЈО

Јавното обвинителство се уште не го добило извештајот за функционирањето на АКМИ – Системот за распределување предмети во судовите од Министерство за правда, соопштиле од Обвинителството за ТВ21, по повеќе од еден месец откако работната група од Министерството презентираше каква ситуација затекнала во неколку судови низ Македонија.

-Извештајот се уште не е пристигнат до Јавното обвинителство. Обврска на институциите е да го достават согласно законите по што истиот детално ќе биде разгледан, велат од Обвинителството.

Од Министерството за правда пак за истата телевизија тврдат дека извештајот е испратен десет дена по јавната презентација, на 7 декември, и нејасно им е зошто обвинителството не го добило, и најавуваат дека во понеделник ќе побараат детален одговор.

Министерот за правда Билен Салији, за ТВ 21, вели дека Извештајот бил со назнака „строго доверливо“ за јавноста да се увери дека министерството постапува професионално.

-Извештајот беше уредно испратен до сите надлежни институции кои имаа законско овластување да постапуваат по пронајдените наоди во врска со извештајот. Бидејќи ингеренциите на Министерот за правда се ограничени според судски деловник, Закон за судови и друга законска рамка, јас оценив дека за да им се даде можност на надлежните институции треба да биде класифициран се со цел да не се остава впечаток дека или сме пристрасни односно непристрасни кон некој, вели Салији.

Групата предводена од судијата Лазар Нанев при проверките на функционалноста на компјутерскиот систем за распоредување на судски предмети заклучи дека во скопскиот Кривичен и Врховен суд некои предмети биде делени по телефон и на рака.

Во периодот за кој Комисијата вршеше проверки во Основниот суд Скопје 1 на чело на судот беа Владимир Панчевски, Татјана Михајлова и Стојанче Рибарев. Дали се сторени кривични дела, како што рече судијата Нанев, ќе треба да истражуваат институциите.

 

Треба да знаете
Последни објави