Со автомобил поминал низ коледарски оган и прегазил двајца

Со автомобил поминал низ коледарски оган и прегазил двајца

За време на собирот на коледарски оган синоќа во село Мирковци, скопско, се случил инцидент откако лице со своето моторно возило поминал низ огнот и прегазил двајца од присутните.

И.П. од село Кучевиште откако претходно се заканил, со своето теренско возило тргнал кон присутните граѓани на коледарскиот оган и поминал низ истиот по што удрил во М.Б. (39) и Б.К. (39) и двајцата од Мирковци.

Двајцата повредени со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде што им биле констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Треба да знаете
Последни објави