Обид за силување на турска студентка во Гостивар

Вчера во раните утрински часови, на улицата Браќа Гиновски во Гостивар, била нападната Е.Г. (21) од Турција, студентка во Гостивар.

Таа била пресратната од непознато лице кое насилно ја одвлекло позади зградата и се обидел да изврши обљуба. Откако не успеал во намерата ѝ ја одзел чантата во која што имала мобилен телефон и околу 600 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Треба да знаете
Последни објави