Трамп повторно беснее на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никогаш не побарал од поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми да ја прекине истрагата за неговиот поранешен советник Мајкл Флин.

Коми во јуни пред Конгресот на САД сведочеше дека Трамп во четири очи го прашал дали може „да го пушти Флин“ и дека тоа барање следело еден ден откако претседателот на САД го принудил Флин да поднесе оставка од позицијата во Белата куќа.

„Никогаш не сум побарал од Коми да ја прекине истрагата за Флин. Тоа се само нови лажни вести кои покриваат уште една лага на Коми“, изјави Трамп денес на Твитер.

Во мај, Трамп го смени Коми од местото директор на ФБИ.

Флин е четвртото обвинето лице, кој прв ја призна вината во истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање во американските избори во 2016 година и можната поврзаност на изборниот штамб на Трамп со Москва.

Тој во петокот на судот му ја призна вината по обвинението дека на агентите на ФБИ им дал лажна изјава за неговиот разговор со тогашниот руски амбасадор во Вашингтон Сергеј Кисљак, во декември минатата година.

Во рамки на договорот за признанието на вината, Флин кажа дека повисок член на тимот на Трамп му кажал да контактира со руските официјални лица во декември 2016 година, во периодот помеѓу изборот на Трамп за претседател и неговото преземање на функцијата.

Додека по повод сведочењето на Коми Трамп остана доследен, американскиот претседател минатата ноќ исто така на Твитер изнесе поинаква верзија на приказната за причините за разрешувањето на Флин.

Трамп вчера навести дека во времето на сената на Флин во февруари, знаел дека тој го лажел ФБИ за своите контакти со руските официјални лица. Претседателот на САД првично тврдеше дека го сменил Флин, бидејќи тој не бил искрен кон американскиот потпретседател Мајкл Пенс во однос на овие контакти од периодот на транзицијата на власта во САД.

„Морав да го сменам генералот Флин, бидејќи го лажеше потпретседателот (на САД) и ФБИ. Тој се изјасни виновен за овие лаги. Тоа е штета, бидејќи неговите постапки за време на преодниот период беа легални. Немаше што да се крие,“ напиша вчера Трамп на Твитер.

Откако вчерашниот твит предизвика нови прашања, соработниците на Трамп се обидуваат да направат дистанца помеѓу претседателот на САД и неговите пораки на Твитер, велејќи дека твитот всушност го напишал Џон Дод, еден од адвокатите на Трамп. Дод одби да ја коментира оваа ситуација.

Како што процени АП, не е јасно зошто Трамп изјави дека причина за разрешување на Флин била дека го лажел ФБИ, бидејќи на тој начин наговестува дека и во тоа време знаел дека Флин направил нешто нелегално. Од тоа следува дека истрагата на Милер не е толку несериозна како што претседателот на Соединетите Американски Држави постојано ја претставува.

Исто така не е јасно како претседателот на САД знаел дека Флин ги лажел ФБИ, ако таа информација за контактите со Русите не дошла до него, што Трамп постојано го тврди, додава агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави