Сергеј Скрипал и неговата ќерка биле отруени на прагот од нивниот дом во Лондон

Лицата кои го истражуваат случајот поврзан со обидот за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, соопштија дека тие биле отруени во својот дом во Салсбури во Лондон.

 

„Експерти утврдија дека најголема концентрација на нервен отров имало на влезната врата од нивниот дом“, соопшти британската полиција.

Трагови на отров биле пронајдени и на други места, кои биле истражувани овие денови, но во помала концентрација од онаа која била пронајдена на самиот влез од нивниот дом.

Како одговор на труењето, повеќе од 25 земји протераа повеќе од 150 руски дипломати, додека владата на Велика Британија разгледува идни мерки за санкционирање на Русија.

Експерти од областа на јавното здравје се уште истражуваат дали нервниот отров претставува опасност за жителите на Салсбури.

„Оние кои живеат во оваа област можат да очекуваат полиција која овде ќе ја врши истрагата, но повторувам дека опасноста е многу мала и дека истрагата се води со големи безбедносни мерки“, соопштуваат од тамошната полиција.

За потсетување, Сергеј и Јулија Скрипал кон почетокот на овој месец беа пронајдени без свест во близина на трговски центар во Салсбури.

Тие и понатаму се наоѓаат во болница во тешка состојба, а според последните информации, шансите да преживеат се мали.

Треба да знаете
Последни објави