
Тежок инцидент се случил синоќа во Нови Сад кога дошло до физичка пресметка помеѓу членови и симпатизери на владејачката СНС и претставници на студентското движење.

Тепачката се случила во центарот на градот откако прво вербално бил нападнат носителот на Студентската листа, Илија Срдановиќ.
Потоа доаѓа до мешаница и размена на удари помеѓу вмешани лица од двете страни.
Според информациите од српските медиуми, најдебелиот крај го извлекла советничка од СНС која добила тупаница во лице.
Во Србија во тек е предизборната кампања а парламентарните избори се закажани за 25 октомври.


