Колешката од работа и ја украла картицата и си пазарела со неа

Колешката од работа и ја украла картицата и си пазарела со неа

Полициската станица Струмица поднесе кривична пријава против 26-годишната Ц.И. од селото Градско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’’. 

Во текот на 2016 година во маркет во Струмица, додека пријавената била на работа заедно со В.П. таа користејќи згодна прилика ја одзела платежната картичка на В.П. заедно со листот на кој бил напишан пин кодот на картичката, по што во повеќе наврати вршела нелегални трансакции во различни износи на банкомат во Струмица.

На тој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од 92.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави