Драма во Кичево: Им влегол дома, на едната и вперил пиштол, другата ја прободел со нож

Драма во Кичево: Им влегол дома, на едната и вперил пиштол, другата ја прободел со нож

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 34-годишниот Б.Л. од село Жубрино, кичевско за сторено кривично дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 10.02. во село Жубрино во домот на 34-годишната Л.Љ. пријавениот по претходна вербална расправија со  неа, нејзиниот 13 годишен син и нејзината сестра, 36-годишната Л.И. физички ги нападнал, при што вперил пиштол кон Л.И., додека на Л.Љ. и нанел телесна повреда со нож.

Треба да знаете
Последни објави