Лице барано од Интерпол уапсено на скопскиот Аеродром

Лице барано од Интерпол уапсено на скопскиот Аеродром

Во 10 часот на Граничен премин – Аеродром “Скопје“ на влез допатувал 25-годишниот А.М. од Tурција со турска  патна исправа. По извршена пасошка контрола и проверка констатирано е дека евидира со мерка одземање патна исправа, по барање на Интерпол.

Откако турската патна исправа и личната карта се дополнително проверени констатирано е дека се фалсификувани, а во неговиот багаж е пронајдена друга турска лична карта со податоци на име Т.Т.А.(24).

По изготвеното Решение за одбиен влез и при обид да биде качен во авион, лицето побарало политички азил во РМ. 

 

Треба да знаете
Последни објави