На 07.12.2024 околу 19.00 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на крстосница од ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“ во Куманово, патничко возило „даеву ланос“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.К.(57) удрило во Д.Р.(75), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.