
Сериозно загрижувачка е здравствената состојба на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој според информации до кои дојде редакцијата, се уште се наоѓа на болничко лекување во приватна болница во Скопје.

Според информациите со кои располагаме, Јакимовски во изминатиот период бил подложен на три оперативни интервенции, а и натаму не е пуштен од болницата. Засега нема официјални и детални информации за природата на интервенциите, ниту за неговата моментална здравствена состојба.
Јакимовски во јули годинава доброволно се пријави на издржување на затворската казна.
Во меѓувреме, дојде до значаен пресврт во судскиот предмет. Советот за казниви дела при Врховниот суд, на седница одржана на 9 септември 2026 година, го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда. Врховниот суд ги укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 23 април 2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје од 15 мај 2026 година, а предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.
По одлуката на Врховниот суд, Јакимовски излезе од затвор, а предметот против него треба повторно да се разгледува пред првостепениот суд.
Сега вниманието е насочено кон неговата здравствена состојба поради тоа што е многу сериозна. Според информациите до кои дојде редакцијата, и по двете оперативни интервенции Јакимовски останува хоспитализиран.

