
На 24.09.2026 во 14:00 часот во село Калаузлија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода А.А.(68) од истото село.

Тој се сомничи дека околу 12:30 часот на место викано „Голема река“ во атар на село Калаузлија подметнал пожар кој зафатил нискостеблеста шума и сува трева.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Во Полициската станица Радовиш А.А го признал делото.

Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

