
Општина Чаир повеќе од три недели спроведува интензивна акција за одржување и унапредување на зеленилото на јавните површини. По иницијатива на Општината, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило” и компанијата АДМ-АЛ, досега се искроени над 250 дрвја, а отстранети се околу 100 суви и ризични дрвја.
Интервенциите се изведуваат професионално и во зависност од условите на терен, вклучително и со методата tree climbing на локациите каде што е потребен специјализиран пристап. Паралелно со кроењето и отстранувањето на ризичните дрвја, се врши и собирање и транспорт на гранките, зелениот отпад и останатиот материјал по извршените интервенции.
Работите се одвиваат согласно Законот за урбано зеленило и соодветните законски надлежности. Акцијата не е привремена активност, туку ќе продолжи во период од една година, опфаќајќи ги сите локации на територијата на Чаир каде што ќе биде утврдена потреба од интервенција.

Со оваа акција се цели кон подобро одржување на урбаното зеленило, отстранување на дрвјата кои претставуваат ризик и создавање побезбедни и поуредени јавни површини за граѓаните.

