
„Не сме и нема да бидеме нова политичка партија“ – ова е една од главните пораки од денешниот брифинг на организаторите на Платформата „Разговори за иднината во 12:05“, на кој беа образложени следните чекори и плановите за дејствување.

Организаторите на Платформата, во која се поранешните високи функционери на СДСМ Игор Ивановски, Никола Ќуркчиев, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ и Гордан Георгиев, како и актуелната пратеничка и поранешна министерка Славјанка Петровска, најавува поинтензивни активности во следниот период.
На брифингот беше потенцирано дека нивната намера не е формирање нов политички субјект, ниту самостоен настап со независни кандидатски листи на следните парламентарни избори, без разлика дали тие ќе бидат редовни или предвремени.
Игор Ивановски порача дека нивната цел е обединување во поширока граѓанска и мултиетничка платформа, но претходно е нужно да се предизвикаат структурни и темелни реформи на Бихакќа.
„Не сме и нема да бидеме нова политичка партија, нема да бидеме ни ЗНАМ, ни НСДП. Нема да правиме ниту независни листи за парламентарните избори“, рече Ивановски.
Тој оцени дека на СДСМ му се потребни промени, упатувајќи критики кон начинот на кој во моментов функционира партијата.
„СДСМ се бореше против заробена држава, а стана заробена партија“, порача Ивановски.

Организаторите на платформата најавија продолжување на активностите и разговорите, а следната седија е најавена за сабота во 12:05 часот.
