Skip to main content
Хроника

Во хотел во Охрид пронајдена почината туристка од Германија

23/09/2026  13:15

На 22.09.2026 во 23.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија” во Охрид, била пронајдена почината Б.Х.К.(70) од Германија.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.