Skip to main content
Економија, Живот

Делегација од Струга во посета на Бурса – Разговори за нова соработка меѓу двата града

19/09/2026  11:20

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, заедно со советникот на градоначалникот Екрем Шашко, престојува во официјална посета на турскиот град Бурса, каде што остварија средба со градоначалникот на Бурса, Шахин Биба.

Средбата се одржа во историската зграда на Општината во Бурса, а во фокусот на разговорите беа пријателските односи меѓу двата града, како и можностите за нивно натамошно продлабочување преку конкретна соработка на локално ниво.

На средбата се разговараше за можностите за размена на искуства меѓу локалните самоуправи, развој на заеднички иницијативи и зајакнување на врските меѓу Струга и Бурса во повеќе области од заеднички интерес.

Од турска страна беше истакнато значењето на пријателските врски со Северна Македонија и беше изразена благодарност за посетата на струшката делегација.

Официјалната посета претставува можност за отворање нови перспективи за соработка меѓу Струга и Бурса, особено преку директна комуникација и размена на искуства меѓу локалните власти.