
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес беше во населбата Саат Кула, каде одблиску го проследи асфалтирањето на дел од улицата „Ремзи Хоџа”, на површина од 850 м².
Асфалтирањето е продолжение на активностите за подобрување на инфраструктурата во овој дел од Чаир. Сите објекти веќе се приклучени на новиот водоводен систем, а паралелно се врши и исклучување на старата водоводна мрежа.
„Денес асфалтираме дел од 850 м² на улицата ‘Ремзи Хоџа’, откако претходно сите објекти ги приклучивме на новиот водоводен систем. По завршувањето на овие работи, продолжуваме со асфалтирање и уредување на другите улици во населбата. Денес ‘Ремзи Хоџа’, утре другите улици, низ целиот Чаир”, изјави Меџити.
Работите ќе продолжат и на другите улици во Саат Кула, со цел подобрување на инфраструктурата и условите за жителите на оваа населба.


