Skip to main content
Хроника

Мопедист без дозвола, бегајќи од полиција удрил во две возила

14/09/2026  14:00

На 13.09.2026 во 18:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Ѓ. (19) од Велес.

Претходно, на крстосница од улиците „Костурска” и „Љубљанска” во Велес, тој управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, кога ги забележал полициските службеници се обидел да побегне, при што удрил во патничко возило „сеат” со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(31) од Велес и патничко возило „голф” со велешки регистарски ознаки управувано од Љ.М.(45) од Велес.

Во несреќата повредени нема, а причинета била материјална штета.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.Ѓ. го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола.

По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, мопедот бил одземен и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.