Skip to main content
Македонија

Јакимовски: Не бегајте од прегледи, тие можат да ви го спасат животот

08/12/2024  22:40

Зборувајќи за својата борба против ракот на велите дробови, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски во подкастот ЗРАК со д-р Марина зборуваше за важноста од редовните здравствени прегледи. 

„Сакам да им кажам на гледачите: Немојте да бегате од лошите вести од докторите, не бегајте од прегледи, тоа може да ви го спаси животот. Еве еден банален пример, речиси секој од нас има возило, кога ќе помине 10.000 километри, ќе му направите задолжителен сервис, ќе смените моторно масло, филтри ако треба и плус нешто друго, а на себеси никогаш не правиме сервис на 10.000 километри, дури тешко ни е и една рентген снимка да направиме и само ќе се оправдуваме. Од се може да се откаже човек, ама од здравјето не смее“ посочи Јакимовски. 

За пребродувањето на ракот на белите дробови, Јакимовски вели дека во неговиот случај од голема помош било тоа што тој веднаш почнал со потребните испитувања, а како особено значаен го издвои фактот што тој не е пушач и дека токму тоа придонело канцерот да не се развива брзо.