
Влегувањето на европски трупи на територијата на Украина би значело војна со Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашања од новинари за време на посетата на Индија.

„Зошто сега ги туркаат своите луѓе, своите земји, во војна со Руската Федерација? Тие сега велат дека размислуваат како да внесат војници на територијата на Украина. Ова значи војна со Русија“, рече Путин.
Тој изјави дека Русија нема причина за конфликт со Европа и дека не им се заканува, ниту има намера да им се заканува на европските земји. Според неговата проценка, европските елити го плашат населението со „имагинарна закана“ од Русија.
Путин оцени дека актуелните политички случувања во Европа се резултат на системски грешки на западните „глобалистички елити“ во политиката, безбедноста и економијата.


