
Александар Вучиќ денеска најави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија на 25 или 26 септември.
Претходно, тој треба да оствари посета во Њујорк, САД по што по враќањето од таму, како што кажа ќе се повлече од функцијата.
„Ќе поднесам оставка веднаш по враќањето од Њујорк… Тоа е тоа“, рече Вучиќ како одговор на прашање од телевизијата Н1 на прес-конференција.
Вучиќ рече дека ќе ја започне изборната кампања како „обичен граѓанин“, бидејќи сака да биде првиот претседател кој ќе го направи тоа.
Српската напредна партија го номинираше Вучиќ за носител на листата на Единствена Србија и кандидат за премиер.
Предвремените парламентарни избори во Србија ќе се одржат на 25 октомври.

