
На 10.09.2026 во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.И.(53) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

