Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Бујар Османи живее во Апсуридистанот на ДУИ

10/09/2026  10:59

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере пораката што Албанците ѝ ја испратија пред една година, со десет општини запишани на контото на ВЛЕН. Продолжува по старо, со истите фотелјаши што ја однесоа во пораз. Бујар Османи, како губитник на изборите и со илјадници денови стаж во власта, сè уште мисли дека Албанците им должат вечна власт. Дека треба да продолжат таму каде што застанаа, со „Соравија”, трговијата со мазут и скандалот со европските фондови во Зајас.

Законот за правична и соодветна застапеност е нивниот најголем парадокс. Две децении ја имаа власта во раце и не го донесоа. Сега, кога законот конечно се носи, со сите сили се обидуваат да го урнат. Деноноќно се повикуваат на Охридскиот договор, а со сопствени раце поткопуваат еден од неговите столбови.

А кога сме кај автопатот Скопје–Блаце, тој е црната дамка на ДУИ. Тестамент на нивното апсурдно владеење. Четири изборни циклуси го ветуваа, го цртаа и го користеа како изборна мамка, но не го изградија. Сега, кога изградбата конечно започна, без ронка срам излегуваат, коментираат и бараат заслуги. Наместо да раскажуваат приказни дека сè било готово, на Албанците им должат колективно извинување.

Уште поинтересна е промената на односот на Бујар Османи кон Артан Груби. До вчера молчеше и се однесуваше како двајцата никогаш да не биле заедно во врвот на ДУИ. Им беше товар за партијата. Сега „црната кутија” на партијата ја нарекува дел од „колоритот”. Дали Груби прекуноќ стана добар или Бујар се сети дека „црната кутија” знае премногу?


Го препознаваш ли вистинското?