Skip to main content
Економија

ВЛЕН: Северна Македонија станува подобра дестинација за инвестиции

08/09/2026  14:01

Соопштение на ВЛЕН:

Северна Македонија гради поповолна клима за инвестиции, меѓународни партнерства и отворање нови работни места. За ВЛЕН, економскиот развој треба да се мери преку можностите што се создаваат за граѓаните и бизнисите.

Во таа насока, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оствари средба со министерот за труд на Државата Катар, Н.Е. д-р Али бин Самиһ Ал Мари, при што беше потпишан Меморандум за соработка во областа на трудот. 

Договорот ја зајакнува институционалната соработка и создава простор за размена на искуства и експертиза на пазарот на трудот.

Покрај меѓународната соработка, конкретни резултати се видливи и на терен. Инвестициите и проширувањата на компаниите KIEL и Cavo Automatik, вклучително и оние во економската зона во Тетово, покажуваат дека се создаваат подобри услови за развој на индустријата и приватниот сектор.

ВЛЕН ќе продолжи да работи за подинамична економија, повеќе инвестиции и подобри работни места, создавајќи можности луѓето својата иднина да ја градат тука, во својата земја.

Повеќе инвестиции, повеќе работни места, поголем просперитет за граѓаните.