Skip to main content
Хроника

85-годишен старец подметнал и предизвикал пожар кај месноста „Лок“

05/09/2026  11:54

На 04.09.2026 година во 16.30 часот, на локалниот пат помеѓу струшките села Заграчани и Долна Белица, лишен од слобода е А.М.(85) од селото Заграчани кој претходно, кај месноста „Лок”, подметнал и предизвикал пожар на отворен простор со нискостеблеста вегетација.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.