Skip to main content
Македонија

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

04/09/2026  14:00

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, каде што се издаваат „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи со изменето работно време. Согласно измената, услугата ќе биде достапна од понеделник до петок, во периодот од 09:00 до 17:00 часот.

Во сабота шалтерот нема да работи. МВР ги информира граѓаните навремено да ги планираат своите посети согласно новото работно време, со цел непречено и ефикасно издавање на одобренијата.