Skip to main content
Македонија

Денеска сончево и топло

04/09/2026  09:38

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 километри на час. Од Вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.