Skip to main content
Хроника

Мајка од Скопје со месеци ја малтреирала сопствената ќерка

03/09/2026  14:28

Денеска (03.09.2026) во 02:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 45-годишната Х.Ѓ. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба подолг период психички и физички ја малтретирала нејзината 13-годишна ќерка, која често ја држела заклучена во една од собите.

За настанот се известени јавен обвинител, инспектор за малолетници и Центар за социјални работи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.