Полицијата во текот на вчерашниот ден привела четири лица поради конзумирање на наркотични средства.
Како што информираат од СВР Велес, вчера биле лишени од слобода З.З.(41) и неговата 37-годишна сопруга Ф.М.З. од Кавадарци и Џ.Н.(32) и Л.М.(56), двајцата од Велес.
– При претрес во домот на З.З. во Кавадарци, извршен со судска наредба, лицата биле затекнати како користат наркотична дрога, по што во домот биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, зелена растителна материја, жолта прашкаста материја и други предмети со остатоци од дрога, соопшти МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.