Skip to main content
Скопје

СДСМ: Нови игри со јавните набавки во ЈСП, скопјани се жртви на кавгите Мицкоски-Арсовска

06/12/2024  12:31

Интегрален текст од прес-конференција на Љубица Јанчева, советничка од СДСМ во Советот на Град Скопје:

Почитувани, 

Како советничка група во Советот, СДСМ и коалицијата најостро регира на продолжувањето на  политичките игри во Град Скопје особено околу јавниот превоз.

Скопје е во тотален хаос и нефункционалност, колабиран е јавниот превоз, многу е лоша состојбата во ЈСП а власта игра партиски игри, спроведува блокади и се пресметува. 

Политичките пресметки меѓу Мицкоски и Арсовска се врз грбот на граѓаните на Скопје и мора да прекинат.

Тендерот за набавка на нафта за потребите на ЈСП е дефинитивно поништен. Се пријавил еден оператор кој не доставил банкарска гаранција.

ЈСП Скопје интервентно, склучи договор за  набавка на нафта во вредност од 120 милиони денари, односно, речиси два милиони евра.

Имало само еден понудувач, според јавно достапните информации тоа била компанијата Пуцко Петрол која била избрана во оваа набавка без тендер.  Оваа итна постапка била одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на Владата.

За да биде лицемерието поголемо токму постапката околу тендерот се спореше од власта минатата недела и ЈСП остана без нафта а граѓаните без превоз. И тогаш и сега стануваше збор за ист оператор.

Очигледно е дека политички игри на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите на релација Мицкоски-Арсвоска се главна причина зошто граѓаните на Скопје немаат превоз, немаат град.

Скопјани се жртви на неспособноста и меѓусебни кавги меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска. 

СДСМ бара веднаш да прекинат овие пресметки и блокади, власта да ја преземе својата одговорност и да помогне на граѓаните на Скопје наместо да им одмага.