Skip to main content
Спорт

Меси за навивачите на Барселона: Многу ми недостигаат и се надевам дека ќе се видиме наскоро 

06/12/2024  11:58

И покрај изненадното заминување во 2021 година, легендата на Барселона, Лионел Меси сè уште го сака клубот и со голема почит зборува за каталонскиот гигант. Тој призна дека многу му недостигаат навивачите на Барселона.

Од оние што ги доживеа, Меси се сеќава на времето на Пеп Гвардиола како тренер и на се што значеше Роналдињо за клубот со Лигата на шампионите од сезоната 2005/2006 и тројната круна со Луис Енрике, продолжи аргентинската суперѕвезда.

Меси испрати и трогателна порака до навивачите на Барселона.

-Многу ми недостигаат и се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме. Исто така, се надевам дека ќе се чувствуваат горди што се дел од најдобриот клуб во светот, изјави играчот кој настапува за американскиот тим Интер Мајами.