Цел свет му се смее на Мурињо за коментарот пред натпреварот помеѓу Ливерпул и Барселона

Поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед, сегашен стручен аналитичар , Жозе Мурињо, пред почетокот на средбата помеѓу Ливерпул и Барселона даде коментар кој сега му се одби од глава.

Имено, Португалецот во студиото на телевизијата истакна дека не би ставил ниту скршена паричка за пласман на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите.

– Не се коцкам во фудбалот, не сакам коцкање, но не би ставил скршена паричка на Ливерпул да игра во финалето. „Енфилд“ прави чуда, но ова треба да биде повеќе од тоа. 3:0 е повеќе од тоа. Тие губат со 3:0 и вечерва не се работи за тоа како да се сопрат, работата е во тоа како да креираат неверојатни шанси за да ја победат Барселона со 3:0, – истакна Мурињо кој по натпреварот мораше да ретерира од ваквиот свој став.

Треба да знаете
Последни објави