Skip to main content
Хроника

Уапсен маж од Крушево, дома му нашле дрога и оружје

23/08/2026  14:00

На 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево  го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.