Skip to main content
Хроника

Пукано во автомобил во Арачиново, двајца повредени

23/08/2026  13:39

Денеска (23.08.2026) во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„18″ во с.Арачиново се слушале истрели од огнено оружје.

Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42).

Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.