Skip to main content
Македонија

Левица: Подготвени сме за избори, ќе ги обединиме сите кои сакаат поинакво општество

23/08/2026  10:33

Соопштение за јавност на Левица:

Во изјава за Сител ТВ, пратеникот Амар Мециновиќ, потврди дека Левица е подготвена веднаш за избори:

„Животот во државата не напредува во ниту еден поглед. Напротив, само се уназадува. Очекуваме голема поддршка и сериозен резултат доколку се одржат избори, особено во Скопје и урбаните средини. 

Левица ја прифаќа идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори и повикуваме на истите, затоа што сметаме дека, моментално, како политичка опција сме единствени кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството кои сметаат дека е време да почнеме да создаваме општество кое е поинаку замислено од ова што може ДПМНЕ и сите политички сили кои досега владееле да ни го пружат. 

Сметаме дека веќе ширум целата територија на Република Македонија имаме консолидирани гласови во изминатите пет години и не очекуваме никакви негативни осцилации. Напротив, позитивни осцилации и дека во Скопје трендот кој го забележавме на локални избори ќе продолжи” – истакна Мециновиќ.