
Осум лица загинале при пад на чартер-авион во близина на оддалечена радарска станица во западниот дел на американската сојузна држава Алјаска, соопшти американската војска.
Несреќата се случила во близина на аеродромот на радарската станица „Лонг Ренџ“ кај Кејп Нуенем, околу 725 километри западно од Енкориџ.
Радарската станица е дел од системот на оддалечени пунктови што го следат воздушниот простор над Алјаска и долж нејзините граници.
Не се соопштени детали за задачата што ја извршувале лицата во авионот.


